На бабичка И ЗДОСАДИ ДА И ГАЛАМАТ ПОД ПРОЗОР, ги зеде работите ВО СВОИ РАЦЕ (ФОТО)

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На бабичка И ЗДОСАДИ ДА И ГАЛАМАТ ПОД ПРОЗОР, ги зеде работите ВО СВОИ РАЦЕ (ФОТО)

Бабичка од Киев се жалела дека секој ден и пречи гласна музика и бучавата од младите луѓе кои се собираат на клупа близу нејзиниот прозорец.

Бидејќи по неколкуте нејзини апели и алармирање на полицијата, ништо не се сменило, таа решила да земе рачна пила и да ги исече штиците на клупата, за никој повеќе да не може да седи и да прави бучава.

Фотографиите на бабичката во „акција“ најпрво се појавија на Телеграм, а подоцна се раширија на социјалните мрежи со смешни коментари.

Освен шеги имаше и такви кои целосно ја разбираа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата