Криумчареле Албанци во Британија – ЗЕМАЛЕ ДО 30.000 ЕВЕРА ПО ЛИЦЕ

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Криумчареле Албанци во Британија – ЗЕМАЛЕ ДО 30.000 ЕВЕРА ПО ЛИЦЕ

Седум лица се уапсени во операцијата за разбивање на шверцерската мрежа, а групата е осомничена за незаконско внесување на стотици Албанци во Велика Британија.

Според светските медиуми, тие земале до 30.000 евра по лице, соопшти денеска Националната агенција за борба против криминалот (НЦА).

НЦА додава дека водачот на бандата е меѓу уапсените, откако се извршени рации во вторникот во јужен Лондон, Сари, Оксфордшир и Хартлпул.

Истражителите веруваат дека осомничените шверцери – за кои се верува дека имале контакти во Франција, Германија, Холандија и Полска – користеле камиони и изнајмувале комбиња за да превезуваат луѓе од северна Франција во Велика Британија, објави „Дејли меил“.

Меѓу уапсените има и мажи на возраст од 26 до 44 години, како и една жена (26).

Тие се соочуваат со обвиненија за помагање и поддршка на илегална имиграција, олеснување на илегална имиграција, перење пари и поседување лажни документи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата