Ива Митева избрана за Претседател на бугарското собрание

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ива Митева избрана за Претседател на бугарското собрание

Адвокатката Ива Митева од партијата „Има таков народ“, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот, Бугарскиот Парламент со 137 гласа „за“ ја изгласа повторно за претседател  јави дописникот на МИА од Софија.

Митева беше избрана и со гласовите на Движењето за права и слободи, додека ГЕРБ и БСП беа воздржани.

За кандидатот на БСП за претседател на Националното собрание, Кристијан Вигенин гласаа 35 пратеници, колку што е бројот на нивната пратеничка група.

Во својот прв говор новоизбраната претседателка на 46. Народно собрание му посака успех и среќа на новиот бугарски Парламент.

Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, вчера објави дека неговата партија нема да номинира кандидат за претседател на Националното собрание, туку само заменик претседателката Росица Кирова, која до пред неколку месеци беше активист на „Има таков народ“ од Видин, но беше исклучена од партијата заради средба со тогашниот бугарски премиер Борисов за време на неговата посета на регионот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата