Владо Калембер доаѓа на Охрид-фест!

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владо Калембер доаѓа на Охрид-фест!

Владо Калембер ќе биде дел од Интернационалната вечер на „Охрид фест“! Вели иако не е фестивалски човек,  се радува зашто Охрид е посебен.

– Деновите ми поминуваат многу брзо, па и не сум свесен дека веќе помина толку време. Но, се плашам дека ќе треба уште простор, уште многу време за враќање на старата нормална состојба. Ви благодарам на информацијата дека во Македонија има луѓе кои би ме слушале. Патем, јас не сум фестивалски човек, но дозволив „да ме наговори“ мојот долгогодишен пријател Григор Копров, и така решив да дојдам на „Охрид фест“. Се гледаме наскоро!, вели Калембер.

„Сребрени крила“ се, може да се рече- култна појава во бившата земја. Млади, убави, со весели песни, го освоија просторот на екс Југославија со милионски тиражи, концерти, турнеи, а еве што вели било  најзаслужно за успехот и славата.

– Многу сум горд на периодот на „Сребрени крила“, бидејќи тој, по паузата од 1987-2012 трае и денес. Живеевме во време кога најважната работа беше да свириш во бенд. Сонувавме да снимаме во добри студија а снимавме во најдобрите. Сонувавме да свириме во големи сали, свиревме во најголеми, па и на стадиони… Кога ќе ги отсонувате соништата, тогаш станувате реални, и сега сме среќни што сме живи, здрави и уште свириме. И да, и сега свириме во големи простори. Среќен сум што сме пријатели исто како на почетокот. И тогаш бевме пријатели, но сега сме – стари добри пријатели, вели Калембер, уште еднаш потенцирајќи дека едвај чека да се дружи со македонската публика.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата