Зголемување на капиталот на Халк Осигурување АД Скопје

21.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зголемување на капиталот на Халк Осигурување АД Скопје

Халк Осигурување АД Скопје е брзорастечка осигурителна компанија, со тенденција да се постави помеѓу најуспешните компании на пазарот за неживотно осигурување.

Предизвиците од здравствената криза не беа пречка да чекориме храбро во остварување на одлични резултати. Креиравме нови производи, ги унапредивме постоечките како и континуирано работиме во креирање на конкурентни продукти за осигурување. Дигитализацијата и онлајн продажбата е наш следен чекор на кој ќе се посветиме и вредно ќе работиме.

Халк Осигурување АД Скопје е компанија која пред се е ориентирана кон луѓето и кон вработените. Тимот без кој не би ги постигнале досегашните, а и следните резултати.

Токму затоа, би сакале да ја известиме јавноста дека ја реализиравме VI емисија на хартии од вредност на Халк Осигурување АД Скопје со што го зголемивме нашиот основен капитал во вкупна вредност од 2 милиони Евра така што апсолутната вредност на основниот капитал по реализација на емисијата на хартии од вредност е веќе во висина од 12.500.000 Евра.

Оваа реализација на VI емисија на хартии од вредност, односно со зголемување на капиталот, Халк Осигурување АД Скопје потврдува и говори дека компанијата сигурно чекори кон успехот.

Финансискиот раст и развој ќе бидат мотивација плус за во периодот кој следува да се посветиме и поупорно да работиме на новите предизвици. Целта да го преземеме лидерското место во осигурителниот бизнис, подразбира да се посветиме на клиентите, да се доближиме до нив, како и да бидеме директно вклучени во унапредувањето на македонската економија.

Перспективата ја пречекуваме спремни и исправени, со нови идеи да градиме сигурна иднина, како за нашите клиенти, така и за вработените. Остануваме и посветени на нашиот раст и развој и унапредувањето на компанијата.

(ПР текст)

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата