ОВА СЕ КРИЕЛО СО ДЕЦЕНИИ: Заборавете се што досега сте знаеле за Тито! Шок сведочење за најголема тајна

20.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВА СЕ КРИЕЛО СО ДЕЦЕНИИ: Заборавете се што досега сте знаеле за Тито! Шок сведочење за најголема тајна

Адвокатот Мирослав Тодоровиќ Шера со години се занимавал со ликот и делото на Јосип Броз Тито. Тој тврди дека Тито кој го знаеме има потполно поинаква биографија од онаа која ни ја пласираа.

Вистинскиот Тито загинал на Велигден 1915 година како припадник на Ландер дивизија.

“Најголем дел користев странски извори од париските државни архиви, од Лондон па дури и од гемански извори. Зман дека Тито прв пат влегол на српска територија на 12 август 1914 година на Дрина како припадник на Ландер дивизија. Таа негова формација се викала Ѓаволска девизија и имала задача да го обезбедува теренот. Таа влегувала во непријателска територија а потоа испраќала податоци до главнината на војската за тоа какви препреки ги очекуваат. Јас го имам неговото интревју кој тој го дал на списанието “Life” од 1952 година. Тука Тито вели – Јас бев многу добар во таа работа. Учев подофицерска шпионска школа. Имав голем успех на непријателска територија“, раскажува Тодоровиќ.

Како што вели, единствен пат кога Тито отишол во Кумровец, кој е наводно негов, било кога се венчал со Јованка.

“Кумови му биле Иван Гошњак и Александар Ранковиќ Лека. Во суштина неговите кумови го натерале да оди во Кумровец. Љубодраг Ѓуриќ бил шеф на неговиот кабинет. Ѓуриќ изјавил дека кога отишле таму Тито никој не го препознал и никој не му пришол. Потоа му кажал на Лека Ранковиќ – Леко овој не е тој Тито“, раскажал своевремено Тодоровиќ.

Тодоровиќ поставувал прашања – дали човекот кој е роден во запуштено село Кумровец може да го свири Шопен со четири раце, со жената на англискиот амбасадор?

Го свирел одлично Верди и Бетовен. Луѓе кои се занимаваат со музика велат дека тоа не е можно освен ако не научил од мали нозе. Каде тој тоа го научил? Научил кај некоја Лиза од Виена. Играл брич, мечувал и се занимавал со јавање. Бил втор по мечување во Европа. Досега никој не ме негирал. Одговорно тврдм дека не е тој човек. Биле жестоки борби на руските сили и со таа Гаволска дивизија. Вистинскиот Јосип Броз гине на Велигден 1915 година“, напоменува Тодоровиќ и вели дека овој Тито кој ние го знаеме бил проект не само на Коминтерната туку и на Мосад и продолжува:

“Неговиот татко бил полски евреин, богат и способен човек кој од Киев оди во Виена. Мајката на Тито се викала Марија и таа работела кај тој човек. Во француските архиви пишува дека Марија родила машко дтете без името на таткото“.

Спрема неговите зборови Марија малиот Броз го носи кај својот татко а кога малку пораснал го праќа кај вистинскиот татко кој му овозможува удобен живот, и музичко образование.

“Тоа траело додека не отишол да се образува да биде шпион. Сетете се, тој самиот велел дека одел во таа подофицерка шпиона школа и дека бил добар во тоа“, вели Тодоровиќ.

Тој истакнува дека Тито имал жена советничка од Ватикан.

“Тоа била некоја Франциска. Таа имала податоци за него, но кога Ватикан ги побарал таа брзо исчезнала“, вели Тодоровиќ.

Тој вели дека Тито бил на самиот врв на масонеријата, многу близу до кралицата Елизабета втора.
“Се сеќавам на разговорот со професорка од Филолошкиот факултет Вида Марковиќ. Таа била преведувач на Тито на мировната конференција во Париз. Таа ми рече дека Тито е подготвен на се, дека има инстикт за самоодржување како ѕвер. Ми кажа дека Тито не прочитал повеќе од пет книги во животот но дека одлично зборува англиски, руски и германски“, рекол Тодоровиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата