ХРВАТКИТЕ ОДЛЕПИЛЕ ПО БИКОВИЌ: “УЗБУНА“ ВО ПУЛА ПОРАДИ СРПСКИТЕ ГЛУМЦИ, СИТЕ САКАЛЕ САМО ЕДНО…

20.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХРВАТКИТЕ ОДЛЕПИЛЕ ПО БИКОВИЌ: “УЗБУНА“ ВО ПУЛА ПОРАДИ СРПСКИТЕ ГЛУМЦИ, СИТЕ САКАЛЕ САМО ЕДНО…

Вчера вечер на 68. филмски фестивал во Пула прикажан е филмот “Јужен ветер – Забрзување“, а доаѓањето на ѕвездите на ова остварување, Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, предизвикало вистинска возбуда на црвениот тепих.

Освен во Србија, филмот и серијата “Јужен ветар“ постигнале голема популарност и во Хрватска, со што вториот дел на филмот синојќа бил дочекан со овации и аплаузи, а бројните симпатизери поитале да се фотографираат со Мараш и Бачо, односно Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ.

Гужва на црвениот тепих направиле, како што пишува Индекс.хр. пред се тинејџерки, кои сакале да се сликаат со своите омилени глумци, кои важат за миленици на понежниот пол.

Биковиќ и Радоњиќ за оваа прилика одбрале слични одела, со што и двајцата биле во бели и беж тонови.


Тие со задоволство, и со трпение се фотографирале со сите кои сакале со него да имаат спомени од Пулскиот фестивал.

Освен двајцата главни глумци, на премиерата се присуствувал и режисерот на филмот Милош Абрамовиќ, и уште неколку членови на екипата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата