МАГНЕТ ЗА МАЖИ: За оваа убава Романка велат дека е ФАТАЛНА (ФОТО)

20.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАГНЕТ ЗА МАЖИ: За оваа убава Романка велат дека е ФАТАЛНА (ФОТО)

Поради нејзиниот егзотичен изглед, манекенката се појави во бројни кампањи, серии, телевизиски емисии, но и музички спотови.

Романката Мадалина Генеа (33), која живее и работи во Италија, е мајка на Шарлот (5), а пред се е манекенка, а потоа и актерка. Нејзината убавина е опишана како „нереална“ и е вистински магнет за мажи.

Таа започна да се занимава со моделирање кога имала само 15 години. Своите први ревии ги направи во Милано, каде и денес живее.

Таа се појави и во спотот на Ерос Рамацоти за песната „Il tempo tra di noi“, а во 2010 година учествуваше во италијанскиот „Танц со ѕввездите“.

Таа ги замени пистите со филмската камера и играше во италијанскиот филм „I Soliti idioti“, по што доби улога во филмот „Дон Хемингвеј“. Потоа глумеше и во други филмови.

Таа исто така беше во врска со дилерот на уметности Вито Шнабел, додека има ќерка Шарлот во врска со романски претприемач.

Џералд Батлер, Мајкл Фасбендер, Леондардо ди Каприо се дел од мажите кои не можеа да одолеат на нејзиниот шарм.

Последен, кој ја „изгуби главата“ по неа, е италијанскиот фудбалер Николо Заниоло, кој е 12 години помлад од неа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата