Имам 35 години и немам на што да бидам горда: Како можам да направам иднина со волку долгови, осамени ноќи и скршено срце?

20.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Имам 35 години и немам на што да бидам горда: Како можам да направам иднина со волку долгови, осамени ноќи и скршено срце?

-Се чувствувам како дух. Имам 35 години и немам со што да бидам горда. Моите дваесетти години и рани 30ти беа полни со патувања во Европа и повеќе просечни работни места без никаква реална можност за напредок. Бев исто така олицетворение на сериска моногамија. Врската во која имав најмногу надеж и која траеше три години пукна пред две години, вака една Србинка ја започна својата исповед на Редит.

Имено, овој интернет форум е познат како место каде луѓето отворено зборат за своите чувства без страв дека ќе бидат осудени од околината. Исповедта на девојката трогна многумина па токму поради тоа и беше една од најчитаните на Редит.

Причината за нејзината исповед е како што вели фактот дека се наоѓа во одредени години од својот живот во кои не ги исполнила очекувањата наметнати од околината, блиските пријатели но и семејството. Поради својата работа и авантуристичкиот дух таа честопати се селела, а кога го сторила тоа по завршетокот на врската, емотивно се скршила.

-Се преселивме во нов град, мој четврти по ред и мислев дека тоа е тоа. А потоа од нигде никаде дојде прекинот на врската по што морав да се преселам во друг град каде живеам сега и каде имам којзнае која по ред нова работа. За сите овие години и брзи промени, но и избрзани одлуки за кои некогаш велев дека се авантуристички и возбудливи денес можам да кажам дека немам со што да се гордеам. Немам пари, имам долгови, а како резултат на моите лоши одлуки се соочувам и со недостаток на амбиции, продолжува таа.

Девојката и додава дека нема успех во кариерата но и дека приоритет во животот не и е работата. Вели, го прави ова бидејќи тоа е единствениот нејзин спас од долговите.

-Немам семејство во близина, немам врска ниту пак имам деца. Иако лесно градам пријателства, сепак тие исчезнуваат со време и тоа поради брак, деца, раст на кариера и слично. Имам неколку блиски другарки на кои сум им благодарна, но животот станува се покомплициран и нашите разговори се сведуваат еднаш во месецот. Поголемиот дел од ноќите ги поминувам сама со мојата мачка, хахаха клише, објаснува таа.

Освен за пријателските односи, во својата исповед таа зборува и за работата, но и за емотивниот колапс кој го доживеала.

-Порано се сметав за креативна личност – добар писател, поетична и љубопитна. Сега, по многу години работа, различни работни места, неколку пати скршено срце, преселби, гужви, долгови и осамени ноќи можам да кажам дека сум исцрпена. Едвај можам да се сетам дека треба да купам сапун, а камоли да размислувам за уметност. Искрено ги сметам уметниците за го*на и тоа бидејќи сум им љубоморна и не разбирам како завршив вака. Згора на се имам 35 години и секоја платформа за здравје ми вели дека мојата плодност опаѓа. Сега размислувам за замрзнување на јајце клетки, но се надевам дека еден ден ќе направам нешто од својот живот и ќе имам семесјтво со безимен човек. Се обидувам. Навистина. Излегувам, вежбам и напорно работам. Слушам музика во која уживам, ја сакам својата мачка и се јавувам на мајка ми секој ден. Но сепак се чувствувам како дух. Никој не знае како сум, ниту пак каде сум. Не успеав да задржам пријатели, љубовници или непријатели толку долго за да некој ми пружи внимание. Па прашувам која е поентата? Искрено не ми е гајле за работата. А во моментов ниту имам време ниту пак пари за да се занимавам со тоа што ме интересира. Освен тоа, мојата околина постојано ми вели дека мојата вредност како жена бледее брзо, односно дека на брчките им требало ботокс. Од друга страна пак, мојот шеф од мене постојано бара да завршам тон извештаи до понеделник. Зошто се трудам?, прашува таа.

-Мојата апатија се манифестира на чудни начини. Пијам премногу, а кога ќе се видам со пријателите се опијанувам и најчесто сум или лута или разочарана. На љубовен план пак осеќам притисок да не направам грешка – пресели се, омажи се и имај деца. Ако порано сум викала дека со моите патувања создавам спомени и живеам живот, сега ви велам дека се чувствувам празно. И глупаво! Како можам да создадам нешто во иднина со сите овие потрошени години позади мене? Се извинувам за овој текст, но морам некаде да се истурам, завршува таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата