Skip to main content
x

20 Jul 2021 - 14:20
redakcija
Статија

Земјотрес со јачина 4,1 степени ја погодило областа Теба, во центарот на Грција, соопштиле грчките власти

Нема податоци за штети и повредени.

Геодинамичниот институт во Атина соопштил дека потресот се случил нешто после осум часот по локално време, два километри североисточно од Теба.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесува Катемерини.

Последните неколку дена во оваа област регистрирани се стотина потреси. Поради силните сеизмички активности научниците истражуваат дали овие потреси можеби преставуваат најава на силен земјотрес.