Одгледувачите на канабис ќе уплаќаат 10 отсто од добивката во државниот Буџет

19.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одгледувачите на канабис ќе уплаќаат 10 отсто од добивката во државниот Буџет

Владата на денешната седница го утврди текстот на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во кој се транспонирани повеќе рамковни одлуки и директиви на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет.

„Значајна новина во предлог-законот за опојни дроги е обврската на компаниите со лиценци за одгледување канабис во медицински цели да уплатуваат средства во висина од 10% од нето добивката остварена во тековната година на соодветна сметка во Буџетот на Република Северна Македонија“, соопшти Владата.

Средствата собрани на оваа посебна сметка ќе бидат наменети за проекти од јавен интерес како што се поддршка на фондот за ретки болести, поддршка на фондот за медиуми, како и на програмските приоритети во спортот, културата, граѓанскиот сектор, како и за поддршка на работата на новопредвидената Агенција.

Една од новините во предложените законски решенија е и формирање на Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производство на канабис.

Исто така, со предлог на законот се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.

 

makfax.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата