НАЈГОЛЕМАТА ДИСКОТЕКА НА БАЛКАНОТ ПРЕПОЛНА: Цеца концертот го завршила во зора (фото)

19.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈГОЛЕМАТА ДИСКОТЕКА НА БАЛКАНОТ ПРЕПОЛНА: Цеца концертот го завршила во зора (фото)

После една година пауза, започнала летната сезона во Црна Гора, а најголемата дискотека на Балканот била исполнета до последно место поради настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Маса луѓе во два часот по полноќ ја дочекале Цеца на “Top Hillu”, а кога Цеца се појавила на сцена била поздравена со громогласен аплауз.

Фолк дивата на себе носела долг бел фустан, и откако испеала неколку свои хитови, ги извадила штиклите и тргнала да џуска со својата публика.

– Ви благодарам на оваа прекрасна атмосвера, среќна сум што уживавте и дека ви беше убаво. Ми недостасуваа концертите и публиката, посебно оваа убава атмосвера, со публиката да ги пеам своите омилени хитови – кажала Цеца за времена концертот.

Инаку Цеца била со убава енергија и под набој на емоции со што концертот го продолжила повеќе од предвиденото, на што публиката и скандирала “Цецо те сакаме“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата