ЖЕНА МУ НЕ ГО ПУШТА ВО ВСЕЛЕНАТА – Ештон Качер го вратил билетот за летот со Ричард Бренсон

19.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЖЕНА МУ НЕ ГО ПУШТА ВО ВСЕЛЕНАТА – Ештон Качер го вратил билетот за летот со Ричард Бренсон

Во неодамнешно интервју, Ештон Качер откри дека требало да биде еден од патниците на летот во вселената на милијардерот Ричард Бренсон, но Мила Кунис, неговата сопруга го убедила да ја преиспита оваа одлука.

Ештон Качер, призна дека поради неговата сопруга, актерката Миле Кунис, решил да го врати билетот за вселенскиот лет.

„Кога се оженив и добив деца, сопругата истакна дека можеби не е паметна одлука на семејството да заминам во вселената кога веќе имаме мали деца, па на крај го вратив веќе купениот билет, призна Качер .

Вселенскиот лет на британскиот бизнисмен Ричард Бренсон, кој беше одложуван неколку пати, беше успешно извршен на 11 јули.

Вирџин Галактик планира да изврши само уште еден пробен лет пред да започне комерцијални летови. Досега повеќе од 600 луѓе резервирале билети по цена од 200 000 до 250 000 долари. Компанијата се очекува наскоро повторно да ја отвори продажбата на билети, иако по повисока цена.

„Требаше да бидам на следниот лет, но нема да бидам“, откри Качер.

Иако се предомислил поради загриженоста на неговата сопруга, Качер сепак не се откажува од сонот да замине во вселената.

„Еден ден дефинитивно ќе заминам“, решен е актерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата