Американец го посетил Белград: Ова е друга реалност и сега сфаќам зошто Србите се посреќни од Американците (ВИДЕО)

19.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американец го посетил Белград: Ова е друга реалност и сега сфаќам зошто Србите се посреќни од Американците (ВИДЕО)

Американецот Џонатан Чу неодамна го посетил Балканот, поточно Србија, а за своите следбеници решил да ги сподели сите детали од неговото патување.

Имено, тој ги сподели впечатоците од Белград и Нови Сад и се обидел да ја спореди српската култура со неговата, американската. Во своето видео, тој опишал повеќе работи, а според коментарите на Србите под видеото тој и не е далеку од вистината.

-За разлика од САД, Србија е сосема поинаква реалност. Јас не доживеав културен шок само заради фактот дека пред да заминам на ова патување многу истражував за оваа земја, вели тој.

Поголем дел од времето тој го поминал во Белград но и во околни српски села, а еден ден го посетил и Нови Сад.

Вели, Нови Сад дека му се допаднал најмногу и тоа поради европскиот шарм и архитектура. Според него, овој град е како од бајка.

-Србија има толку многу топла култура во која се негуваат гостропримството и дружењето. Тие се сериозни луѓе, но имаат живост и шарм на Медитеранот. Има неколку анегдоти поврзани со српското гостопримство. Менаџерот на мојот омилен ресторан во Белград ме праша од каде сум, а откако му одговорив нашиот разговор продолжи уште цели 40 минути. Тој све ми раскажа – ми кажа што треба да посетам, каде да одам во Србија но и во регионот. Следната вечер кога му кажав дека сум заинтересиран за филмска индустрија, тој ме запозна со почитуван спрски режисер кој во тоа време седеше во друг ресторан. А режисерот ме поканина бидам дел од филмски сет, открива овој Американец/

Во продолжение, тој раскажува како живее 3 години во Њујорк и дека никогаш не добил помош од странци. Вели, се сомневам дека љубезни гестови има и во попријателските градови во Америка, како што е Чикаго.

“Ова никогаш не сум го видел во Америка”

-Една вечер додека го снимав видеово во близина на центарот на Белград забележав група мажи на возраст од 50 години како вечераат заедно, јадат скара и пијат ракија. Се дружеа и забавуваа како група студенти. Навистина не се сеќавам кога последен пат имам видено вакво нешто во Америка. Јас сум воодушевен како другарствата од детство тука се негуваат и траат до старост. По мојата посета во Србија сфатив дека треба повеќе да ги ценат ваквите врски со луѓето, изјавил Џонатан.

Тој и додал дека претпоставува дека ваквите силни пријателство влијаат позитивно на менталното здравје на Србите и дека поради тоа изгледаат многу посреќни од Американците.

Култура на пиење кафе поврзана со грда навика

-Многу ми се допаѓа фактот дека во Белград и Нови Сад постојат многу кафулиња и барови кои нудат кафе со одличен квалитет. Она кое е необично е дека за време на работа, околу 2 часот попладне кафулињата се полни со луѓе. А првото нешто што го прават луѓето кога ќе седнат на масите е палат цигара. Штета, бидејќи доколку не пушеа толку многу тогаш мислам дека Србите ќе беа една од најздравите нации во светот. Го велам ова бидејќи нивната храна е одлична а и се нација која е физички активна, додава Џонатан.

Зошто Србите се посреќни од Американците?

-Слично чувство имав кога ја посетив Колумбија. Мислам дека причината за ова е фактот дека Србите имаат чиста култура која е заштитена од големите американски корпорации. Секако, ги забележав МкДоналдс и Старбакс а забележав и дека Србите се зависни од својот Ајфон телефон но и покрај тоа морам да кажам нешто – американсите корпорации уништуваат се што ќе допрат. Тие не сакаат вие да поминувате часови со вашите пријатели или семејство туку тие сакаат вие да имате кафе во едната и брза храна во другата рака, да брзате накај работа читајќи мејлови на улица и постојано да сте на состаноци, вели за крај Џонатан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата