(ВИДЕО) Тетовци на Твитер: Наместо вода од денеска тече жолта лозова ракија!

13.07.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Тетовци на Твитер: Наместо вода од денеска тече жолта лозова ракија!

На Твитер утрово се појави видео од граѓани кои живеат во Тетово и кои се жалат на квалитетот на водата за пиење.

Имено, од видеото може да се види дека низ чешмите во нивните домови тече вода, која има жолтеникава вода, па оттаму и тие се пошегуваа дека наместо вода во домовите им тече жолта ракија.

-Наместо вода од денеска низ водоводот во Тетово тече жолта лозова ракија. ФАЛА Теута !! 😍😍🥰, е коментарот на видеото.

Инаку, годинава, среде пандемија, Тетовчани имаа денови кога немаа вода за пиење ниту пак вода за лична хигиена.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата