Доколку Заев навистина прифатил дека македонскиот и бугарскиот се едно исто ВМРО-ДПМНЕ, тоа нема да го прифати, а идната влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе  го напушти тој Договор, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со написите во бугарските медиуми за преговорите на Заев во Софија.

– Ако ова што го пренесуваат медиумите е вистина, а кое се однесува на предлогот кој Заев го дал на бугарската страна тоа ќе значи четири работи Прво, дека Заев наспроти неговите уверувања и тврдења дека не се преговара за посебноста на македонскиот јазик, тој безочно ја лажел јавноста. Ова директно потврдува дека се преговара токму за посебноста на македонскиот јазик кој е наше идентитетско обележје, истакна Лефков.

Тој посочи дека  второ е дека Заев со ова ја прифаќа негаторската теза на круговите во Софија, дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти јазици, што пак е директно загрозување на нашиот идентитет.

– Трето, ова значи дека Заев ги потврдува бугарските тези дека се до кодификацијата на македонскиот јазик во 1945 година, македонскиот јазик бил форма или дијалект на бугарскиот јазик, што е апсолутно неточно. Ваквото тврдење е негирање на историскиот континуитет на македонскиот јазик. Четврто, Заев на овој начин покажува дека во преговорите врши национално предавство по теркот на Преспа. Укажуваме дека доколку Заев прифати вакво решение или формулација, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ не само што нема да го прифати и ќе го напушти договорот, нагласи Лефков