Константин Чешмеџиев и официјално во новата сезона ќе го носи дресот на Шкупи. Тимот од Чаир денеска го промовираше 25-годишниот фудбалер, кој доаѓа од тимот на Вележ со кого пред неколку дена ја прекина соработката.

„Луѓето во клубот ме контактираа уште пред еден месец, ми ги претставија своите планови за иднината на Шкупи и веднаш стана јасно дека тоа е сериозен проект. Клучно беше то што тимот се натпреварува во европските купови, но и што тренер е Гоце Седлоски, од кого ќе можам многу да научам“, изјави Чешмеџиев на промоцијата.

sportmedia.mk