Романските медиуми вчера излегоа со ексклузивна вест, дека селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своите семејства по поразот од Украина одлучиле да го напуштат карантинот и покрај строгите мерки, и забраната за напуштање на балонот, во која е сместена Македонската репрезентација, па заминале на вечера во еден од рестораните во Букурешт

Како потврда за тоа тие објавија и фотографија од Пандев додека вечерал во градот со своето семејство во центарот на Букурешт, по натпреварот Украина – Македонија, од ЕУРО 2020.

Според романскиот „Проспорт“ , капитенот Горан Пандев не сакал да се одмори во хотелот и го земал своето семејство и отишол во еден од најскапите ресторани во Херастрау, Букурешт.

Останува да видиме, дали навистина се случило ова, или романските медиуми излегоа со дезинформации.

Македонската репрезентација патува за Амстердам каде ќе го игра последниот натпревар од групната фаза на ЕП против селекцијата на Холандија.