Вработен во британска транспортна компанија неодамна добил отказ бидејќи бил виден како пие алкохол и пуши цигари во паб и тоа на денот кога им соопштил дека не може да дојде на работа поради здравствени проблеми.

Имено, отпуштениот шофер Колин Кејн (66) страда од хронична белодробна болест која му го отежнува дишењето.

Тој добил отказ поради нарушување на довербата и нечесно однесување, односно бидејќи ги прекршил правилата на компанијата. Сепак, судот одлучил дека ваквата одлука е неправедна, пишува Би-Би-Си.

Според судијата, работодавците на Кејн не ги презеле сите потребни мерки за да се осигураат дека нивниот вработен навистина ги прекршил правилата и заслужил да добие отказ. Имено, во судницата било изјавено дека неговиот менаџер Шон Џонсон бил човекот кој го видел Кејн како пие и пуши во барот.

Во дисциплинското сослушување било кажано дека и покрај тоа што тој земал боледување поради неговата болест сепак бил виден на истиот ден како пуши цигари и пие алкохол во локален бар. Па оттаму му било кажано дека доколку бил на антибиотици и не бил способен за работа тогаш не би имал сила ни да оди во паб.

Тој изјавил дека во пабот бил многу кратко време и дека не гледа ништо лошо во тоа.

Судијата Андреа Пит се сложил со неговиот аргумент, заклучувајќи дека во правнилникот на компанијата не стои што нивните вработени смеаат или не смеат да прават.