Skip to main content
x

18 Jun 2021 - 12:00
redakcija
Статија

Поминаа четири години откако последен пат го видовме Лука Дончиќ во дресот на словенечката репрезентација. Тоа беше во финалето на Евробаскетот 2017 година и сега време е новата НБА ѕвезда и кошаркар на Далас да остави нов белег за националниот тим.

Дончиќ одмораше само една недела, а после тоа се приклучи на репрезентацијата на Словенија. Тој вели дека се чувствува многу добро и дека е подготвен за предизвикот.

– Се чувствувам многу добро. Отсекогаш ми беше чест да играм за Словенија. Особено со момците што ги имаме. Не сум тренирал една недела. Засега сè уште се загревам, но тоа не е важно. Ќе бидам подготвен за квалификациите – изјави Дончиќ.

Тој додава дека атмосферата во соблекувалната е многу добра, но дека има голем притисок врз него по одличната сезона во Далас. Иако е млад, од него се очекува да биде лидер.

Slovenia’s Luka Doncic celebrates the team’s win after the FIBA Eurobasket 2017 men’s semi-final basketball match between Spain and Slovenia at the Fenerbahce Ulker Sport Arena in Istanbul on September 14, 2017. / AFP PHOTO / BULENT KILIC (Photo credit should read BULENT KILIC/AFP/Getty Images)

– Многу се сменија, но имаме и други лидери во тимот. Едо Муриќ, Клемен Препелиќ, Јака Блажиќ … Работите се променија, главно затоа што Горан го нема. Морам да работам на тоа да бидам подобар лидер – додаде Лука.

Тој заклучува дека сè уште не договорил ништо конкретно со Далас, но посочува дека е во постојан контакт со нив.

– Сè уште немам направено ништо во НБА лигата. Мојата цел е титула, но има уште многу да се направи. Јас сум во контакт со Далас, но немам никакви обврски – заклучи Дончиќ.