Јармоленко, стрелецот на првиот гол против Македонија по завршување на вчерашната средба направи шоу на официјалната прес-конференција.

Фудбалерот на Вест Хем го замоли организаторот да направи една работа: Може ли да направам нешто, го видов Роналдо дека го прави ова…

„Сакам да ја преместам Кока-колата тука и сакам да го поместам овој пијалок тука. Кока-Кола и Хајнекен ве молам да ме контактирате“, искоментира Јармалонко, кој беше расположен по триумфот над Македонија од 2-1, прв на ова ЕУРО.


sportmedia.mk