Интересно во Ливерпул – Рафа Бенитез ќе го води Евертон!

16.06.2021
Интересно во Ливерпул – Рафа Бенитез ќе го води Евертон!

Шпанскиот тренер Рафаел Бенитез е во потесниот круг на кандидати за нов тренер на Евертон, пренесуваат англиските медиуми. Ова е интересно со оглед дека Бенитез го предводеше Ливерпул од 2004 до 2010 година, притоа го освои ФА купот и Лигата на шампионите.

Во меѓувреме Бенитез работеше во Интер, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл, кинески Далиан, а сега може да се врати во градот на Битлси и да го преземе Евертон, градскиот ривал на „Црвените“ од „Енфилд“.

Покрај Бенитез, во трка за тренерската позиција е и Нуно Еспирито Санто кој неодамна го напушти Вулверхемптон. Ќе видиме за кого ќе се одлучи Евертон и кој ќе биде наследникот на Карло Анчелоти кој неодамна прејде во Реал Мадрид.

sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата