На 16 октомври 2018 година во 12.07 часот Елвис Влади, држајанин на Албанија, влегува во просторија од управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи, се фотографира, остава отпечаток од прст и утредента добива македонски пасош на име Селами Хоџа, oбјави „Мкд.мк

На 19 октомври истата година и на 4 јули наредната со македонскиот пасош излегува од Македонија. Во тоа време по него веќе има две меѓународни потерници. Во преминувањето на границите и покрај потерниците сигурно не му помогнале службениците на МВР осудени за издавање пасоши во аферата „Двојник“, која опозицијата ја нарече „Мафија.

– Во март 2019 година, околу девет месеци по исчезнувањето на Елвис Влади, Обвинителството за сериозен криминал во Тирана доби копија од договор (3 април 2018 година) меѓу Елвис Влади и Бледар Фејзо, претставник на германска фирма БХФ консалтинг за набавка на парцела на плажата Семан во општина Фиер на албанското крајбрежје. Семан е неразвиена зона на крајбрежјето, загадена од локалната индустрија за нафта. По сведочењето на германскиот државјанин Карло Ризато дека тој му ги дал парите на Влади, обвинителството го преквалификува делото и го обвини Влади за „непријавување на пари на граница при влез во Албанија”, пишува „Мкд.мк.