Еден од фаворитите на ова Еуро 2020, селекцијата на Белгија ќе мора на првиот меч на ова Европското првенство да игра без својата прва sвезда Кевин Де Бруин. 29-годишниот играч за врска на Манчестер Сити нема да патува со тимот во Санкт Петербург, каде „црвените ѓаволи“ ќе го започнат турнирот во сабота.

Според белгиските медиуми, Де Бруин се уште е недоволно подготвен за настап по операцијата на лицето која ја имаше по финалето на Лигата на шампионите.

„Дали ќе можам да играм? Се надевам дека на вториот натпревар против Данска ќе бидам таму”, им рекол Де Бруин на новинарите.

sportmedia.mk