„Среќен сум што го продолжив договорот со Бутел Скопје. Никогаш досега не сум играл во екипа што има таква хемија и такво другарство. Благодарен сум им на сите во клубот за преубавите пет месеци, сигурен сум дека следната година ќе биде уште подобра. Имам само убави зборови за клубот, управата, тренерите, и среќен сум што и следната сезона ќе бидам дел од ова екипа. Едвај чекам да ја видам и публиката на трибини и сигурен сум дека ќе обезбедиме место во европските купови“, изјави Јевтиќ.

sportmedia.mk