Со 360.000 евра или 22 милиони денари ќе се доградува стадионот ви Битола, попознат како под “Тумбе Кафе“. Ова беше изгласано на вчерашната седница на советот на Општина Битола, кога советниците расправале за ребалансот на буџетот.

Овие пари ќе се употребат за доградување на новата трибина и за поставување на 5.000 столчиња по сите мерила и стандарди на УЕФА и ФИФА.

Додека 6 милиони денари, кои исто така се изгласани со ребалансот на буџетот, ќе се употребат за конечно решавање со загревањето на Спортската сала во Битола.Имено планирано е да се постави модерен систем за ладење и загревање во салата.

sportmedia.mk