Дрско е да донесете пратеници и да го загрозите здравјето на сите. Предрско е затоа што влегуваа од истиот влез од кој што влегуваме сите и тие заслужуваат посебна кривична од секој од нас, затоа што сите имаме дома стари, хронично болни и деца. Тоа е неодговорно“, истакна Претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието, Жаклина Пешевска во вечерашното издание на емисијата „Патот кон“ на кое што учествуваше и Славјанка Петровска од СДСМ

На ова реагираше Петровска велејќи дека тоа е обврска на пратениците, а Пешевска ваквата постапка ја нарече тероризам.

„Тероризам е тоа, не е 27-ми тероризам. Тероризам е тоа што вие донесовте болни пратеници во скафандери. Треба да се срамите и да не го спомнувате. затоа ја вртат главата и не зборуваат во Собрание тие, затоа што знаат што направиле“, потенцираше Пешевска.