Денеска на 74-годишна возраст почина Александар Забрчанец-Ацуле. Долгогодишен фудбалски работник под чие раководство ФК Победа ги постигна најголемите успеси-две титули шампион на Македонија(2003/2004 и 2006/2007) и победник во Купот на Македонија(2001/2002) како и 10-годишно постојано настапување во евро-куповите со 32 одиграни натпревари низ кои несомнено го даде својот голем придонес за меѓународна афирмација на ФК Победа.

Забрчанец најголем дел од својот живот го посвети на фудбалот и неговата најголема љубов-ФК Победа. Во Победа, Ацуле започна да работи од 1979 година, од март 1996 беше Директор а подоцна и Претседател на клубот кој го вивна во височините на македонскиот фудбал приредувајќи оргромни моменти на успеси и радости за прилепските љубители на фудбалот.

 

sportmedia.mk