ВМРО-ДПМНЕ и утре продолжува со протестите против тајните преговори со Бугарија, а утрешниот протест ќе биде пред министерството за надворешни работи.

Пратеникот Антонијо Милошоски напиша дека и утре ќе се протестира од 15 до 17 часот.

– Доста е од тајните преговори кои во Софија ги води другарот на Заев, Бучковски, за дополнителни анекси на штета на Македонија. Јавноста има право на отчетност на владините министри пред јавноста и Собранието за сите битни надворешно-политички прашања!, напиша Милошоски на Фејсбук