Постариот син на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, стана полуматурант, а честитки доби од неговиот татко, пред новиот предизвик кој го очекува, а тоа е средното училиште.

– Помина како убав сон. Како вчера да беше кога заедно го слушнавме првото училишно ѕвоно, а денес славиме полуматура. Честитки синко! Од септември нов предизвик, скопската гимназија Орце Николов, напиша Мицкоски на Фејсбук во објавата.