Skip to main content
x

10 Jun 2021 - 21:00
redakcija
Статија

Кипарскиот парламент денеска ја избра првата жена претседател на собранието – 35-годишната Анита Деметриу, член на владејачката конзервативна партија Демократско собрание.

Деметриу ја доби поддршката од Демократскиот фронт на центарот и ЕЛАМ, екстремно десничарската партија која речиси двојно го зголеми бројот на пратеници на парламентарните избори минатиот месец, објави „Ројтерс“.

Деметриу е втора во државната хиерархија по претседателот на Кипар. По професија е политиколог и важи за една од најуспешните политичари во нејзината земја.

makfax.com.mk