Бундес-лигата и натаму ја чека својата завршница, овој ракометен шампионат и натаму се игра. Денеска се одиграа четири меча од 34. коло, а на два од нив настапија македонските репрезентативци Мартин Томовски и Филип Миркуловски, но ниту еден од нив не успеа да дојде до победа.

Младиот голман мина подобро, неговиот Лудвигсхафен на домашен терен освои бод  против Лајпциг, на домашен терен одигра (27-27). Томовски на голот беше 15. минути за кои запиша две интервенции.

Миркуловски и Вецлар беа изненадувачки совладани од Есе на свој терен со 26-30. Македонскиот репрезентативец постигна еден гол од два обиди.

Вецлар е на деветото место со 16 победи, 4 нерешени и 14 порази, додека пак Лудвигсхафен на 17. место во опасната зона со 10 победи, 4 ремија и 20 порази.

sportmedia.mk