Читам дека демек Бајден рекол нешто и сега сите како нешто коментираат и објаснуваат, ама никаде не прочитав во тие анализи на стручњациве од општа пракса, дека ако Бајден Ви каже да скокнете во надојден Вардар и да се удавите да ли ќе го послушате или не е вкусно да се поставуваат вакви прашања, вели лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија и пратеник.

Стоиљковиќ потенцира дека никој да напише што станува со критичката мисла, со слободата на јавно изразување, никој.

– Поддржувачите на цензура, а самопрокламираните борци за вредности, а не знајно кои, у ствари знајни, бидејќи за продадените души вредностите се дваесетина сребреници, а знаеме како Јудините сребреници завршија, ги снема. Ником поникоше и у црну земљу пропадоше.  Се спомнуваат црни листи, фрчат закани ама никој не го поставува прашањето што со владиното мнозинство кое е преполно со луѓе на американските црни листи, за чудо нема такви во опозицијата, рече Стоиљковиќ.

Тој  додаде дека кога од овој агол ќе погледнете црните листи изгледа служат како покана за влез во Владата.

– И ако го исклучиме Преспанскиот договор кој е имплементиран спротивно на референдумската одлука, тогаш сосема оправдано се наметнува прашањето колку од претставниците на Владата би требало да завршат на црните листи заради фактот што како пачавра го развлекуваат Охридскиот договор надвор од Уставот и законите и го претворија во “Бунар жеља”, но само за нивните себични интереси, истакна Стоиљковиќ.

На крајот тој додава дека  ако не сте политички коректни, односно ако не скокнете во надојден Вардар и се удавите, тогаш ќе ви ги угасат ФБ алатките, твитер налозите и слично.