Skip to main content
x

10 Jun 2021 - 19:20
redakcija
Статија

Судот во Франција денеска го осуди 28-годишниот Дамиен Тарел, кој во вторникот му удри шлаканица на претседателот Емануел Макрон на четири месеци затвор.

Тарел претходно призна дека го удрил Макрон, но тој им рекол на истражните органи дека не го сторил тоа со предумисла, пренесува „Ројтерс“.

Обвинителството побара Тарел да биде осуден на 18 месеци, а судиите одлучија да го осудат на четири месеци затвор и 14 месеци условна казна.

За време на посетата на регионот Тан Лермитаж на југоистокот од земјата, претседателот Макрон се приближи до толпа граѓани да ги поздрави, а Тарел го фати претседателот за рака и му удри шлаканица по лицето, повторувајќи ја фразата позната на монархистите пред да интервенира претседателското обезбедување.

По инцидентот, полицијата го уапсила Тарел, кој, според истражителите, не и бил познат на полицијата пред овој случај, а уапсен е и неговиот пријател кој го снимил целиот инцидент.

Обвинението за напад на јавен службеник во Франција предвидува максимална казна затвор од три години и парична казна од 45.000 евра.

makfax.com.mk