Ние како политичка партија инсистираме македонскиот јазик, македонскиот идентитет, посебноста на македонската историја, заштитата на македонските национални малцинства да бидат јасни црвени линии при преговорите со Република Бугарија. Од тоа нема отстапување, нема назад, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

   

Мицкоски потенцира дека  ние заслужуваме сигурна иднина, но и сочувани корени. За тоа не смее да има компромиси.

ВМРО-ДПМНЕ веќе трет ден протестира со блокирање на клучни раскрсници во Скопје и 10 македонски градови. Се бара владата да објави што преговара со Бугарија и да не ја прифаќа бугарската декларација.