37 годишна жена од Јужна Африка родила дури 10 бебиња близнаци со царски рез, објави Би-Би-Си.

Госијаме Тамара Ситол и нејзиниот сопруг биле целосно шокирани кога на снимката од ултразвукот виделе осум бебиња. Но по породувањето изненадувањето било уште поголемо, односно побројно. Иако очекувале 8, Тамара родила 10 бебиња.

-Добивме 7 момчиња и три девојчиња. Среќен сум, емотивен и во шок. Не можам многу да зборувам, изјавил гордиот татко.

Тамара пред 6 години исто така родила близнаци. Таа открива дека се породила со десеторката во 29та недела од бременоста, но и дека денес сите се осеќаат добро.

Таа наскоро треба да биде сопственичка на нов рекор – бидејќи претходната рекордерка Халима Сизе од Мали во мај родите девет деца.