Skip to main content
x

10 Jun 2021 - 18:20
redakcija
Статија

Популарната актерка, модел, пејачка и најплатената кинеска славна личност за последните 4 години БингБинг решила да поднесе тужба против една своја двојничка која премногу се потпира на нејзиниот изглед и на тој начин заработува лајкови и пари.

До септември минатата година, 32 годишната Чен Хенинг го користела името Fan Bingbing и на тој начин заработувала. Суперѕзведата побарала од неа да го промени своето име на онлајн мрежите и притоа да и плати компензација и јавно да и се извинува секој ден во наредните два месеци.

Иако Чен не го користела нејзиното целосно име, туку прекарот и бил Fan YeBing сепак на ѕзвездата и личело премногу слично. Таа за China Morning Post изјавила дека верува дека е издвоена по својата популарност и сличност со БингБинг со оглед на тоа дека има многу инфлуенсери кои себеси се нарекуваат Fan BingBing.

Откако започнал судскиот процес во септември 2020 година, таа се обидува да се дистанцира од брендот на популарната ѕвезда па освен што го сменила името на социјалните мрежи таа и се согласила на пластична операција се со цел да не личи БингБинг.

Меѓутоа, Чен тврди дека стекнала повеќе од милион следбеници благодарение на труд и ангажман, а не заради нејзината физичка сличност со ѕвездата.

-Дневно трошам по 10 часа на социјалните мрежи и тоа е така 350 дена во годината, со години, вели таа.

Се уште не се знае како ќе заврши судскиот процес но Чен има причина за да биде загрижена. Имено, во минатото БингБинг поднела неколку слични тужби и сите ги добила.