Познатиот пејач Аца Лукас беше еден од членовите на жирито на популарниот музички натпревар „Ѕвезддите на Гранд“, а сега ја откри и причината зошто го напуштил ова шоу.

Освен за причините, пејачот зборуваше и за каков тип на договори потпишуваат конкурентите но и што мисли за жирито.

„Го напуштив жирито поради многу причини. Една е дека сум презаситен, а другата е дека идејата во која верував, повеќе не постои. Оние деца кои дојдоа добија убава приказна, да се појават на телевизија, по само три настапи да станат популарни, тоа не беше така во моето време, ниту пред мене. Некои можеа да станат поголеми sвезди ако „Гранд“ сакаше да ги следи „како што треба“. Од „Ѕвездите на Гранд“ единствена што успеа да направи вистинска кариера е Милица Павловиќ. Намерно ја изоставив Тања Савиќ, бидејќи таа можеше да биде најпопуларната пејачка во оваа земја доколку беше поддржана“, изјави Лукас, а потоа се осврна и на начинот на судењето во популарниот музички натпревар.

„Во ‘Гранд’ беше „потпиши го договорот, половина за мене, половина за тебе, па нека биде илјада евра, па 500, а може да биде и 15.000 евра…“. Но, ајде, не сакав да се мешам, јас не сум тој што учествува во натпреварот… ама потоа ние шестмина од жирито станавме главна тема во тоа шоу, а всушност бевме само шест кловнови кои се смеат, и никој не се сеќава на тие деца. Тоа е претстава со шест кретени, вклучително и јас, шест кловнови кои изведуваат некакви „фори“ и тие деца веќе не се ни така важни. Сега вниманието е насочено кон жирито. Се расправаа со некоја девојка и тоа беше покриено од медиумите. Додека бев во жирито, шоуто беше смешно, а сега има само викање, скокање наоколу… Во жирито има луѓе за кои немам добро мислење, но нема сега да ги споменам. Излегов од жирито и натпреварот бидејќи јас никогаш нема да им наплаќам на децата за совети, да знаете дека го има и тоа, и навистина е лигаво“, тврди Аца Лукас во последното гостување во емисијата „Десетка“, а пренесува српски Мондо.