Во полициска акција синоќа околу 1 часот по полноќ била запленета околу 50 килограми марихуана  во камион на патот Прилеп – Градско. Според информациите на МВР, дрогата требало да биде пренесена во Грција.

Приведено е едно лице.

Камионот бил со албански регистарски таблички и бил сопрен во близина на бензинската станица. Возачот е 40 годишен албански државјанин, кој се обидел да ги поткупи полицајците да не го претресат возилото.

При контролата, во приколката се пронајдени две големи торби во кои биле сместени 50 пакувања со марихуана во вкупна тежина од околу 50 килограми, со проценета вредност на дрогата околу 200.000 евра. Возачот е приведен и во текот на денот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Прилеп, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.