Од 1 јули 2021 се укинува роамингот за земјите од регионот, односно Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, ова го објави  Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на својот Фејсбук профил.

Ова значи дека за 20 дена сосема ќе се реализира договорот меѓу балканските земји разговоите на мобилен телефон меѓу нив да бидат по цена како дома.

Договорот за намалување на цените на роамингот земјите го склучија пред две години и тој процес се одвиваше постепено.

Лани на 1 јули цената за дојдовни повици се спушти на 1,5 денари, а таа ќе важи се до 1 јули, кога роамингот целосно се укинува и тоа не само за разговорите на мобилен телефон, туку и за пораките и за интернетот.

Целосно укинување на цените во роаминг е предусловот што нашата и останатите пет држави од регионот треба да го  исполнат со цел да се дојде до „роаминг како дома“ и со земјите од Европската Унија.