Српскиот актер Бранислав Лечиќ, кој се соочува со обвиненија за силување и сексуално вознемирување, беше фотографиран на романтична вечера во Белград со неговата нова девојка.

Лечиќ и непознатата бринета уживале на вечера со пиво, по што, држејќи се за раце, тргнале во правец на неговиот стан.

Да потсетиме, актерките Мерима Исаковиќ и Данијела Штајнфелд го обвинија Лечиќ за силување. Мерима подоцна изјави дека имало и други девојки кои ја контактирале и ѝрекле дека обвинетиот актер им приоѓал на разни непристојни начини и дека се спремни да сведочат пред Обвинителството против него, но дека не сакаат да го соопштат својот идентитет на јавноста.

Лечиќ ги негираше сите обвиненија и тврди дека не сторил и не се обидел да стори кривично дело силување.