Аналитичарот Шкељзен Гаши смета дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден за проширувањето на вонредните мерки на Западен Балкан би можел да има последици по косовските политички лидери, пренесуваат медиумите.

Гаши наведува дека косовските политички лидери би можеле да трпат последици доколку не ги почитуваат меѓународно потпишаните спогодби и преземени обврски.

– Можни се последици за оние кои денес управуваат со Косово, иако не се замешани во кршењето на човековите права или воените злосторства, а ниту претседателката, претседателот на парламентот ни премиерот не се замешани во скандали со корупција. Но во случај да не ја потпишат спогодбата која е биде понудена за време на преговарачкиот прцес и ги прекрша спогодбите кои се потпишани, тогаш самите можат да сносат последици, рекол Гаши.