Грците на генерален ШТРАЈК, не им се допаѓа новиот закон за работни односи!

10.06.2021
Vesnik.com
Грците на генерален ШТРАЈК, не им се допаѓа новиот закон за работни односи!

Во Грција утрово започна 24-часовен генерален штрајк на јавниот и приватниот сектор, кој ќе ја парализира земјата, а ќе создаде проблеми во бродскиот и железничкиот сообраќај во Грција, во јавниот превоз во Атина, но и во информирањето на граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Причината за штрајкот е новиот закон за работни односи, за кој синдикатите сметаат дека, меѓу другото, го укинува осумчасовното работно време.

Бродовите се закотвени на пристаништата, возовите на железничките станици, а во Атина функционираат само автобусите и тоа само 12 часа, додека пак метрото, трамвајот и тролејбусите не возат.

Во штрајкот учествуваат и вработените во државните болници, во брзата помош, професорите и наставниците, како и државните службеници, но и вработените во медиумите, во приватните и државните, со што Грција денеска е без информативни емисии и без вести.

Во рамките на 24-часовниот штрајк закажани се протести во Атина и други грчки градови, а на протест повикаа и од опозициската СИРИЗА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата

;