Се вели љубовта не познава граници, години…, но науката не мисли така. Имено, истражувањето спроведено на Универзитетот Емори во Атланта покажа дека разликата во години меѓу партнерите сепак има огромно влијание во успехот на врската.

Во истражувањето во кое учествувале 3.000 двојки, научниците откриле дека двојките со возрасна разлика од 5 години имаат за 18 % поголема шанса да раскинат во споредба со двојките во кои партнерите се врсници. Овој процент се зголемува на 39 % кога разликата изнесува 10 години и на неверојатни 95 % кога станува збор за разлика од 20 години.

Резултатите само го потврдија општо прифатеното мислење, а „формулата“ за успешна љубовна врска звучи прилично едноставно  – колку е помала разликата во години меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за успех.

И еве го одговорот на прашањето која е идеалната разлика во години – научниците велат дека најголема шанса за успешна врска имаат двојките во кои едниот партнер е постар една година.