Старлетата Ким Кардашијан (40) објави фотографија на која позира со своите деца и Канје Вест (40) со кого е во процес на развод. Старлетата му го честиташе роденденот на раперот, а пораката што ја напиша покрај фотографијата збуни стотици илјади луѓе на Инстаграм.

„Среќен ти роденден. Ќе те сакам целиот живот“, напишала Ким.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Фотографијата им се допадна на повеќе од милион луѓе за само половина час, а илјадници луѓе во коментарите не кријат колку се збунети од новата објава на старлетата.

Заедно имаат четири деца – Норт, Сент, Псалм и Чикаго.

Дека славната двојка се разведува, американските медиуми објавија во февруари годинава кога Ким поднесе барање за развод.

Ким и Канје се венчаа во 2014 година во Италија.