Ким Кардашијан на Инстаграм сподели објава која ја посвети на раперот и нејзин сопруг Каније Вест од кого се разведува, со која ги збуни нејзините обожаватели.

“Среќен ти роденден. Ќе те сакам цел живот”, напиша ријалити ѕвездата под заедничката фотографија со Канје и нивните деца. Јавноста беше изненадена од нејзината честитка до раперот за 44-от роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Патем, парот се венча во 2014 година и ги има ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сеинт (5) и Псалм (1). Кардашијан поднесе барање за развод во средината на февруари, по што остана со децата во Лос Анџелес, додека Вест живее на неговиот ранч во Вајоминг.