Многу луѓе обожаваат да јадат овошје, но ако сте на одредена диета и сакате да изгубите неколку килограми, важно е да знаете дека не сите овошја се исти кога станува збор за калориите.

Погледнете кои плодови треба да ги избегнувате, бидејќи тие имаат повеќе калории, а кои ќе ви помогнат да ја достигнете целта:

Најкалорично овошје (kcal/100g):

Авокадо 160
Урми (свежи) 150
Банана 91
Калинка 82
Смоква 74
Грозје 70
Киви 61
Манго 60
Боровинки 58
Круши 57

Ниско калорични овошја (kcal/100g):

лимон 29
Лубеница 30
Јагоди 32
Диња 34
Праска 39
Цитрон 42
Капини 43
Слива 46
Портокал 47
Кајсија 48