Американскиот актер Адријан Грениер, кој  јавноста го памети по улогата во филмот „Ѓаволот носи прада“, го смени начинот на живот. Својот луксузен дом во Лос Анџелес го замени со фарма во Тексас и стана земјоделец.

Го купив имотот во 2016 година, а на крајот на минатата година решив да се преселам. „Остин е космополитски град каде најдов пријатели, малку по малку, од тука започнав да работам и се навикнав на ритамот на животот, што не е толку бурен како во Лос Анџелес“, изјави Адријан за списанието „Остин лајф“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)

На фармата, со својата девојка, тој одгледува праски, јаболка, смокви и планира да направи засолниште за диви животни. Тој работи и на реконструкција на езерцето затоа што сака да додаде риба во своето мени, а особено е горд на својата органска градина.

Адријан, тврди тој, е активист за животна средина веќе 20 години и постојано им кажувал на луѓето дека треба да живеат во хармонија со природата. Затоа го напуштил и  Холивуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrian Grenier (@adriangrenier)

„Постигнав професионален врв што не ме исполни. Работиш напорно за да бидеш славен и да заработиш многу пари, но кога ќе го сториш тоа, сфаќаш дека не е тоа“, рече актерот.