Иако секоја година бројот на ученици е се помал, оваа година разочарувањето е најголемо. Годинава 40% од првачињата нема да трчаат низ училишните дворови. Тоа се 718 првачиња кои ќе полнат клупи во други места. Регионот годинава ќе има 26 паралелки помалку.

Белата чума пустоши во Источниот регион. Според анализата на ТВ Стар, речиси половина од очекуваните првачиња на уписите ги нема. Годинава се покажа како најкатастрофална, зошто се запишаа 700 првачиња помалку од очекуваното.

Деца се раѓаат се помалку, а половината од нив годинава ќе ги полнат училишните клупи низ европските земји.

Источниот регион по природен пат е помал за една населба од 500 жители, а со се побрзото темпо на иселување се губат 1.500 жители годишно или 2.000 жители заедно.