НЕМА ВЕЌЕ ЗВУЧНИЦИ ВО АВТОМОБИЛИТЕ, новата технологија веќе догодина

30.05.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕМА ВЕЌЕ ЗВУЧНИЦИ ВО АВТОМОБИЛИТЕ, новата технологија веќе догодина

Од 2022 година, нова технологија во автомобилите: класичните звучници исчезнуваат!

Музика во автомобил без звучници? Тоа треба да биде можно во иднина, бидејќи Continental и Sennheiser преставија аудио систем без видливи звучници.

Системот, кој автомобилскиот добавувач го нарече Ac2ated, ги користи постојните површини во автомобилот како резонантни површини и вибрира со нив. Аудио системот Continental веќе го има преставено во 2017 година, но тој дури сега треба да може да го достигне својот целосен потенцијал благодарение на 3D Ambeo технологијата на Sennheiser.

Аудио системот обезбедува алгоритам со неговиот surround систем кој едноставен стерео сигнал да го претвори во тродимензионален. Софтверот автоматски го претвора класичниот двоканален аудио сигнал и според производителот, системот го намалува просторот за инсталација и тежината на звучниот систем до 90 проценти.

Тоновите се создаваат со вибрации и тоа не се нужно дијафрагмите на звучниците низ кои вибрира воздухот. Continental има развиено специјални конвертори кои акустично ги користат претходно неискористените делови на возилото.

Како што се истакнува, производителот бил инспириран од класичните жичани инструменти, кои исто така ги користат нивните дрвени тела како простор за резонанца. Во споредба со првата верзија на Ac2ated прикажана во 2017 година, Continental ги подобрил конверторите за да може да ги исполни премиум барањата на своите клиенти.

Без видливи звучници, исчезнуваат и решетките во внатрешноста на звучниците. Ова им нуди на дизајнерите на ентериерот комплетно нови можности за дизајн и создава повеќе простор во ентериерот. Бидејќи ги нема и магнетите на звучниците, се штеди на простор и тежината на возилото. На пример, конвенционален звучен состав тежи до 40 килограми, додека на новиот систем му требаат само неколку килограми.

Предвидено е системот да влезе во сериско производство, но Continental не очекува да биде претставен на пазарот пред 2022 година. Дотогаш, клиентите ќе мора да се задоволат со класичните системи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата